Tuba Şahin
29 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
АНКАРА
Туркиш Ерлајнс нема да има домашни ниту меѓународни летови до 28 мај, се соопштува од авиокомпанијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турската авиокомпанија соопшти дека одлуката да се продолжи суспендирањето на операциите била донесена во јавен интерес.
„Во согласност со одлуките преземени од официјалните власти, сите летови се суспендирани до 28 мај 2020 година со цел да се заштити јавното здравје против пандемијата на Ковид-19“, пишува во соопштението издадено од авиокомпанијата.
Ова соопштение беше издадено еден ден откако во Турција беше забележан најмал број на нови случаи на Ковид-19 во период од 21 ден.
Вкупниот број на заразени во Турција изнесува 112,261, со 2.900 смртни случаи и речиси 34.000 излекувани лица.
Авијацијата е меѓу најпогодените индустрии за време на пандемијата на Ковид-19, која погоди 185 земји и региони од појавувањето во Кина минатиот декември.