Elena Teslova
29 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
МОСКВА
Рускиот претседател Владимир Путин денес најави продолжување на карантинот на земјата до 11 мај, со цел да се намали ширењето на пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Путин изјави дека благодарение на напредните мерки, Русија успеала правилно да се подготви за ширењето на вирусот, повторно да го организира здравствениот систем и да се снабди со лекови и медицинска опрема, што резултираше со помал број на смртни случаи и случаи на заразување.
Проширените мерки вклучуваат продолжување на суспендирањето на работните активности и задржување на затворање на големите градови, вклучувајќи го главниот град Москва и вториот по големина град Санкт Петербург.
Истовремено, Путин и наложи на Владата до 5 мај да ги подготви препораките за постепено ублажување на мерките и националниот план за оживување на економијата и деловните активности со преземање на потребни мерки на претпазливост против повторното ширење на вирусот.
Претходно руските власти потврдија дека 6.441 лица се тестирани позитивни на Ковид-19 во текот на изминатите 24 часа, со што вкупниот број на лица позитивни на тестот на Ковид-19 изнесува 93.558.
Во текот на истиот период, регистрирани се 72 нови смртни случаи со што вкупниот број на починати од последици предизвикани од заразеност од Ковид-19 изнесува 867.
Бројот на излекувани се искачи на 8.458 откако 1.110 нови лица се пуштени од болница.
Во Русија се направени повеќе од 3,1 милиони тестови, а повеќе од 192.000 лица се под медицински надзор поради сомневање од инфекција.