свет, Коронавирус

Со Ковид-19 во светот заразени повеќе од 20,52 милиони луѓе

Од последиците предизвикани од Ковид-19 починаа 745.981 лице

Nuri Aydın, Gökhan Varan  | 12.08.2020 - Обновена : 15.08.2020
Со Ковид-19 во светот заразени повеќе од 20,52 милиони луѓе

АНКАРА 

Со новиот тип на коронавирусот кој се појави во кинескот град Вухан, во светот се заразени повеќе од 20,52 милиони луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците на „Worldometer“, интернет-страницата на која се достапни информациите за епидемиолошката ситуација во светот, од последиците на заразувањето со Ковид-19 починаа 745.981 лице.

Бројката на заразени во светот е зголемена на 20.526.084, а досега од инфекцијата оздравеа 13.448.189 лица.

Моментално се активни 6.331.914 случаи на заразување.

Во Соединетите Американски Држави (САД) заразени се 5.305.957 лица, додека од последиците на заразувањето починале 167.749 лица. САД е земја со најмногу починати и заразени во светот.

Покрај САД, земји со повеќе од 100.000 случаи на заразување се Бразил (3.112.393), Индија (2.330.327), Русија (897.599), Јужноафриканска Република (566.109), Мексико (492.522), Перу (489.680), Колумбија (410.453), Чиле (376.616), Шпанија (373.692), Иран (331.189), Велика Британија (312.789), Саудиска Арабија (291.468), Пакистан (285.921), Бангладеш (263.503), Аргентина (260.911), Италија (251.237), Турција (243.180), Германија (219.530), Франција (204.172), Ирак (156.995), Филипини (139.538), Индонезија (128.776), Канада (120.421), Катар (113.646) и Казахстан (100.855).

Земји со повеќе од 5.000 починати од Ковид-19 се Бразил (103.099), Мексико (53.929), Велика Британија (46.628), Индија (46.197), Италија (35.215), Франција (30.354), Шпанија (28.581), Перу (21.501), Иран (18.800), Русија (15.131), Колумбија (13.475), Јужноафриканска Република (10.751), Чиле (10.178), Белгија (9.885), Германија (9.268), Канада (8.991), Холандија (6.159), Пакистан (6.129), Еквадор (5.951), Турција (5.873), Индонезија (5.824), Шведска (5.770), Ирак (5.531), Египет (5.059) и Аргентина (5.004).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın