свет

Во светот бројот на заболени од новиот тип коронавирус се зголемува од ден на ден

Од коронавирусот „Ковид-19“ досега животот го загубија вкупно 2.128 лица. Во Кина бројот на починати изнесува 2.118 лица, во Специјалниот Административен Регион Хонгконг 2, во Иран 2, Јапонија 3, и по едно лице на Тајван, Филипините и во Франција.

Zehra Ulucak  | 20.02.2020 - Обновена : 21.02.2020
Во светот бројот на заболени од новиот тип коронавирус се зголемува од ден на ден

АНКАРА (АА) - Бројот на заразени низ светот со новиот вид коронавирус „Ковид-19“, што се појави во градот Вухан, во кинеската покраина Хубеи, ја надмина бројката од 75.700 луѓе, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од коронавирусот „Ковид-19“ досега животот го загубија вкупно 2.128 лица. Во Кина бројот на починати изнесува 2.118 лица, во Специјалниот Административен Регион Хонгконг 2, во Иран 2, Јапонија 3, и по едно лице на Тајван, Филипините и во Франција.

Во Кина бројката на заболени од коронавирусот е 74.576 лица, во Специјалниот Административен Регион Хонгконг регистрирани се 65 случаи со коронавирус, додека во Макао откриени се 10 лица заболени со вирусот. Во Тајван бројката на заболени изнесува 24 лица.

Според податоците собрани од овластените здравствени установи и локалните медиуми, новиот вид коронавирус „Ковид-19“ е регистриран во следните земји: Јапонија 702 случаи, Сингапур 84, Јужна Кореја 82, Тајланд 35, Малезија 22, Виетнам 16, Германија 16, Австралија 15, САД 15, Франција 12, Англија 9, Обединети Арапски Емирати 9, Канада 8, Италија 3, Индија 3, Филипини 3, Русија 2, Шпанија 2, Иран 2, Непал 1, Шри Ланка 1, Камбоџа 1, Белгија 1, Шведска 1, Финска 1 и Египет 1.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın