Во Соединетите Американски Држави (САД) во последите 24 часа од последиците на заразувањето со коронавирусот починаа 2.296 лица, со што вкупната бројка на починати лица надмина 33.286, јавува Агенција Анадолија (АА).
Последните податоци кои ги објави Универзитетот „Џонс Хопкинс" покажуваат дека во изминатите 24 часа е потврдено заразување кај уште 31.692 лица и дека вкупната бројка на заразени во САД моментално изнесува 671.425.
По САД, според бројот на заразени следуваат Шпанија (184.948), Италија (168.941) и Франција (147.113).
Бројот на заразените во САД се уште е поголем од вкупниот број заразени во Шпанија, Италија, Франција и Германија.
Жариште на пандемијата на коронавирусот во САД сеуште е Њујорк, каде бројот на заразените е зголемен на 223.691.
Следува Њу Џерси со 75.317 потврдени случаи на заразување, а потоа Масачусетс со 32.181.
Њујорк по бројот од 14.832 починати се уште се наоѓа на врвот на листата во САД, следуваат Њу Џерси со 3.518 и Мичиген со 2.093.
Во САД од почетокот на пандемијата тестирани се 3.420.394 лица, додека се излекувани 56.236 заразени.
Бројот на хоспитализираните моментално изнесува 109.526.