Zehra Ulucak
17 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
АНКАРА
Во светот се детектирани над 2,2 милиони лица позитивни на тестот на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на веб-страницата „Worldometer“, која објавува најнови информации за бројот на заразените со Ковид-19, низ светот со Ковид-19 се заразени 2.200.322 лица.
Најмногу случаи се регистрирани во САД - 678.210. По САД најмногу заразени има во Шпанија - 184.948, потоа Италија - 168.941, Франција - 165.027, Германија - 138.273 и Велика Британија - 103.093.
Во Кина, каде што се појави вирусот, заразени се 82.692 лица.
Други земји со повеќе од 10 илјади потврдени случаи се Иран - 79.494, Турција - 74.193, Белгија - 36.138, Русија - 32.008, Бразил - 30.891, Холандија - 30.449, Канада - 30.106, Швајцарија - 27.078, Португалија - 19.022, Австрија - 14.540, Индија - 13.835, Ирска - 13.271, Шведска - 13.216, Израел - 12.855, Перу - 12.491 и Јужна Кореја - 10.635.
Откако во декември минатата година се појави во Кина, Ковид-19 се прошири на околу 210 земји и региони.
Низ светот од последиците на Ковид-19 починаа 147.784 лица, а излекувани се 558.150.