Nuri Aydın
17 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 560.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, 560.304 лица во светот успеале да ја победат борбата против Ковид-19.
Најмногу случаи на излекувани лица од овој вирус се регистрирани во Кина (77.944 лица).
Што се однесува до највисоката бројка на излекувани лица во светот, по Кина следуваат Германија со 81.800 излекувани лица, Шпанија со 74.797 излекувани лица, САД со 58.066 излекувани лица, Иран со 54.064 излекувани лица, Италија со 40.164 излекувани лица и Франција со 32.812 излекувани лица.
Бројот на случаи со Ковид-19 во светот изнесува 2 милиони 214 илјади и 230, додека 148.889 лица починаа како последица на оваа пандемија. Во светот се уште има 1 милион 505 илјади и 137 активни случаи кои се во процес на лекување.