Islam Doğru
04 Јуни 2020•Ажурирај: 05 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.072 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 109.176 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 21.793 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се зголеми на 1.903.941.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 1.072 лица со што вкупната бројка на починати се искачи на 109.176.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 578.017 откриени случаи, Русија со 441.108 откриени случаи, и Шпанија со 287.406 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Илионис.
Во Њујорк откриени се 382.837 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 30.164 лица.
Во САД досега се извршени над 19 милиони 115 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус достигна речиси 689.000.