Aness Suheil Barghoti
04 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
ЕРУСАЛИМ
Израелските власти денеска на шеикот Екрима Сабри, имам и хатиб на џамијата, му ја продолжија забраната за влез во џамијата „Ал Акса“ во Ерусалим за уште четири месеци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Израелската полиција изврши претрес во мојот дом и ми издаде наредба за забрана за влез во џамијата „Ал Акса“ за четири месеци. Но ние ќе ја браниме „Ал Акса““, изјави шеик Екрима Сабри за АА.
Шеикот Сабри, поранешен муфтија на Ерусалим, е уапсен на 29 мај во рација на израелската полиција во неговиот дом.
Потоа беше одведен во полициска станица во староградскиот кварт во источен Ерусалим под обвиненија за водење и поттикнување на својот народ против Израел.
Истиот ден тој беше пуштен откако му беше забранет влез во џамијата „Ал Акса“ во наредните седум дена.
Израелските власти и во јануари му изрекоа казна за четиримесечно оддалечување од џамијата „Ал Акса“.
Комплексот „Ал Акса“ се простира на 15 отсто од површината на старото јадро на Ерусалим, кое е под израелска окупација, а претставува точка на спојување на трите најголеми религии на светот.
По „Ал Харам“ во Мека и Џамијата на пратеникот во Медина, „Ал Акса“ е трето најважно место за муслиманите.