Dmitri Chirciu
13 Јуни 2021•Ажурирај: 15 Јуни 2021
МОСКВА (АА) - Во рамките на кампањата за вакцинација против коронавирусот (Ковид-19) во Москва, главниот град на Русија, ќе се подаруваат автомобили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, потсети дека повторно се воведени одредени мерки против пандемијата.
Истакнувајќи дека треба да се забрза постапката на вакцинација против Ковид-19 со цел да се избегнат дополнителни мерки, Собјанин објави дека започнале кампања за вакцинација на граѓаните постари од 18 години.
„Оние што ќе ја примат првата доза на вакцината од 14 јуни до 11 јули, ќе учествуваат во лотарија за добивање автомобил. Секоја недела ќе се одржат пет лотарии во вредност од околу еден милион рубљи (околу 14.000 долари)“, рече Собјанин.
Потсетувајќи дека тој се вакцинирал во мај 2020 година, Собјанин рече дека пред два дена повторно ја примил вакцината „Спутник Ве“.