Husamedin Gina
17 Февруари 2022•Ажурирај: 18 Февруари 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 1.117 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 290.915, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 22 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин пријавени се уште 8 лица. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 8.851.
Институтот за јавно здравје регистрира 1.059 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 273.243.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 8.821.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 3.513 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.859.233 тестирања.