свет, Коронавирус

„Би-би-си“ го пофали успехот на Турција во борбата против Ковид-19

„Турција не дозволи да се случи многу поголема катастрофа. Турција е во категоријата земји која со тестирања, следење, изолација и со рестрикција на движењето одговори бргу на епидемијата...“

Hasan Esen  | 30.05.2020 - Обновена : 31.05.2020
„Би-би-си“ го пофали успехот на Турција во борбата против Ковид-19

ЛОНДОН (АА) - Британскиот јавен радиодифузен сервис „Би-би-си“, на својота интернет-страница ја пофали борбата на Турција против новиот вид коронавирус, Ковид-19, наведувајќи ја како успешна приказна, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Дописникот на „Би-би-си“, Орла Герин, во веста насловена „Како Турција ја презеде контролата над Ковид-19“ истакна дека вирусот доцна пристигнал во Турција, но, за кратко време, за еден месец, се раширил низ целата земја во сите 81 област.

„Тоа беше една од најбрзо растечките епидемии во светот. Беше полошо од Кина или Велика Британија. Владееше страв дека во Турција ќе се зголеми бројот на починати и дека ќе стане како Италија, која тогаш беше најпогодена“, се вели во веста и се додава дека иако поминале 3 месеци и не е спроведен целосен карантин, тоа не се случило.

Во текстот се истакнува дека некои лекари истакнувале дека бројот на смртни случаи во земјата може да биде двојно поголем од објавениот број, но сепак е мал во споредба со 83-милионското население.

Во веста вклучени се и стручни мислења.

- „Неколку земји беа успешни, Турција е во таа категорија“ -

Професорот на Катедрата за вирологија при Универзитетот во Кент, д-р Џереми Росман, рече: „Турција, искрено не дозволи да се случи многу поголема катастрофа. Турција е во категоријата земји која со тестирања, следење, изолација и со рестрикција на движењето одговори бргу на епидемијата. Тоа е еден мал клуб на земји кои беа ефикасни во намалувањето на ширењето на вирусот.“

Во написот во кој се наведени преземените мерки, директорката за јавно здравје на Општината Фатих, д-р Мелек Нур Аслан, говореше за скринингот.

Д-р Аслан, истакнувајќи дека имаат децениско искуство во следењето на сипаниците, рече дека започнале да го следат вирусот на 11 март, првиот ден откако се појавил. „Плановите беа подготвени. Ги извадивме од полиците и почнавме да ги користиме“, нагласи директорката Мелек.

- „Постојат лекции што треба да бидат понудени на светот“ -

Написот вклучува и забелешки од активностите на скринингот. Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Турција, д-р Иршад Шаик, истакна дека Турција може да понуди лекции на светот во однос на јавното здравство.

Истакнувајќи дека на почетокот биле загрижени, Шаик нагласи: „Дневно се регистрираа 3.500 позитивни случаи. Но, тоа што помогна, беа тестовите кои се правеа. И за резултатите не мораа да чекаат повеќе од 5-6 дена.“

Во написот во кој се подвлекуваат мерките за карантин, изолација и скрининг, се истакнува дека Турција привремено ги суспендирала искуствата на СЗО и го користела лекот хидроксиклорокин, но резултатите од тоа е рано да се проценат.

- Пофалби за болницата -

Во написот се истакнува дека е дадена дозвола на екипата на „Би-би-си“ да влезе во две години старата болница „Д-р Шехит Илхан Варанк“. Според нив, болницата е високо развиена и има широка понуда во борбата против вирусот.

Во изјавата, главниот лекар во болницата, Нуретин Јијит, рече дека клучот во борбата бил раното користење на хидроксиклорокинот: „Другите земји многу доцна го користат овој лек. Особено САД. Ние го користевме само на почетокот. Немаме никакво двоумење за овој лек. Ние веруваме дека е ефикасен затоа што добиваме резултати.“

Д-р Јијит, исто така, истакна дека смртноста во болницата од коронавирусот е помала од 1 процент и дека е горд што има празни кревети во единиците за интензивна нега.

Во веста се пренесува и изјавата на еден пациент од интензивна нега, кој е излекуван и отпуштен од болница.

„Тие многу добро се грижеа за мене, се чувствував исто како да бев во рацете на мајка ми“, нагласи пациентот.

- „Земјата се смета за успешна приказна“ -

Во веста се пренесува и изјавата на Турското медицинско здружение во која се наведува дека Анкара „недоволно“ одговорила на епидемијата.

Од друга страна, претставникот на СЗО во Турција, Ирсад Шаик, рече: „Ова е нова епидемија. Ние очекувавме да има поголем број на тешко заболени. Но некои работи се движат добро.“

„Благодарение на факторите, како што се големиот број кревети за интензивна нега и младата популација, Турција има предност во борбата против Ковид-19“, се истакнува во веста на „Би-би-си“ и се додава: „Земјата се смета за успешна приказна.“

На крајот од текстот се вели дека епидемијата сè уште продолжува и дека треба да се посвети големо внимание.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.