Husamedin Gina
14 Јули 2021•Ажурирај: 15 Јули 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 18 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 155.840, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период не се регистрирани починати лица од Ковид-19, според што билансот на смртни случаи од вирусот е непроменет и изнесува 5.487.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 150.146.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 207.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.798 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 917.179 тестирања.