Admir Fazlagic
04 Февруари 2021•Ажурирај: 06 Февруари 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 373 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 93.882, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 7 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.900.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 638 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 83.424.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 7.558.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.107 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 463.957 тестирања.