Cüneyt Karadağ
05 Февруари 2021•Ажурирај: 06 Февруари 2021
БЕРЛИН (АА) - Во Германија како последица на коронавирусот (Ковид-19) досега починаа повеќе од 60.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Институтот „Роберт Кох“ се наведува дека во последните 24 часа вирусот е потврден кај уште 12.908 лица. Со тоа вкупниот број на заразени порасна на 2.264.909.
Во последните 24 часа починаа 855 лица, а вкупно од почетокот на епидемијата во земјата 60.597 лица. На одделите за интензивна нега се наоѓаат 4.178 лица.
Во Германија досега првата доза од вакцината ја добија 2.091.689 лица, а втората 756.333 лица.