Hasan Esen
05 Февруари 2021•Ажурирај: 07 Февруари 2021
ЛОНДОН
Се тврди дека Велика Британија депортирала тројца кинески агенти кои користеле идентитет на новинар, откривајќи го нивниот вистински идентитет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на весникот „Tелеграф“, врз основа на изјавите на владини извори, три лица чии имиња не се откриени, добиле визи за новинари и во последните 12 месеци дошле во Велика Британија.
Овие лица нагласиле дека ќе работат за три различни кинески медиуми, но откриено е дека тие всушност се припадници на Министерството за безбедност на Кина (MSS), кое е одговорно за надворешното разузнавање.
Откако бил откриен вистинскиот идентитет од страна на Внатрешната разузнавачка служба на Велика Британија (MI5), агентите биле депортирани од земјата.