Hakan Çopur
05 Февруари 2021•Ажурирај: 06 Февруари 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, изјави дека неговата земја ја завршила воената поддршка за Саудиска Арабија во војната во Јемен и ја прекинала продажбата на оружје како дел од оваа поддршка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот претседател Бајден при својата прва посетата на Стејт департментот, откако ја презеде претседателската позиција, одржа говор за дипломатскиот пристап на САД.
Преку пораката „Америка се врати, дипломатијата се врати“, Бајден истакна дека неговата администрација многу повеќе ќе ги користи дипломатските институции на секое поле и ќе се грижи за односите со Меѓународната алијанса.
„Од утре, американското лидерство мора да заземе нов моментум против растечките амбиции на Кина и акциите на Русија со кои сака да ѝ наштети на нашата демократија“, рече Бајден, нагласувајќи дека постои конкурентност меѓу САД и овие две земји на глобално ниво.
- Прекината воената поддршка за војната во Јемен -
Нагласувајќи дека ѝ даваат приоритет на ситуацијата во Јемен, Бајден рече: „Оваа војна мора конечно да заврши. Со цел да го исполниме нашето ветување во однос на ова прашање, ја завршуваме целата американска поддршка за операциите [на Саудиска Арабија] во војната во Јемен, вклучувајќи ја тука и продажбата на оружје.“
Објаснувајќи дека Јемен е приоритет за нив, Бајден рече дека Тим Лендеркинг го поставиле за специјален претставник на САД во Јемен и планираат повнимателно да ја следат ситуацијата во таа земја.
Истакнувајќи дека тие се свесни дека на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) им е потребна поддршка наспроти „иранските закани“, Бајден рече: „Ние ќе продолжиме да ѝ помагаме на Саудиска Арабија да го брани својот суверенитет и територијалниот интегритет.“
- Им се „закани“ на Русија и на Кина -
Истакнувајќи дека со цел да се зачува мирот во светот, се согласиле со администрацијата од Москва да го продолжат новиот Договор за намалување на стратешкото оружје (Нов СТАРТ) за уште пет години, Бајден рече дека сепак, упатуваат критики до администрацијата на Путин.
Тој се осврна на ерата на претходниот претседател Доналд Трамп. „Завршија деновите на потчинување на САД пред агресивните активности на Русија.“
Наведувајќи дека се свесни за обидите на Русија да интервенира на изборите во САД со сајбернапади и упади поврзани со безбедноста, Бајден изјави дека веднаш и безусловно треба да биде ослободен рускиот опозиционер Алексеј Навални.
Зборувајќи дека Кина е најсериозен конкурент на САД, Бајден рече: „Свесни сме за предизвикот што Кина, нашиот најсериозен ривал, го претставува за нашиот просперитет, безбедност и демократски вредности. Подготвени сме да работиме со Пекинг, ако тоа им одговара на американските интереси.“
Освен тоа, Бајден рече дека како САД ќе одговорат на дрскоста на Кина кон односот за човековите права, правата на интелектуална сопственост и глобалното управување.
- Замрзнат е процесот на повлекување војници од Германија -
Подвлекувајќи дека Министерството за одбрана (Пентагон) го разгледува военото присуство на САД на глобално ниво и дека притоа го покажало силниот став на САД во однос на ова прашање, Бајден рече дека е замрзнат процесот на повлекување војници од Германија.
- Реакција на пучот во Мјанмар -
Нагласувајќи дека не го прифатиле воениот удар во Мјанмар, Бајден продолжи со зборовите: „Армијата на Бурма мора да ја врати моќта [што ја стекна со воениот удар], да ги ослободи приведените официјални лица и активистите, да ги укине ограничувањата во телекомуникациите и да се воздржи од насилство.“
Бајден додаде дека со сите меѓународни партнери ќе работат на повторно враќање на демократијата во Мјанмар.
Потсетувајќи дека веднаш штом ја презеде функцијата, САД се вратија во Парискиот климатски договор, Бајден најави дека ќе организираат Самит за лидери за климатски промени оваа година.
Покрај тоа, Бајден изјави дека годишната квота за прием на бегалци, која беше драстично намалена за време на периодот на Трамп, повторно ќе биде зголемена на 125.000.