Elena Trenchevska Chekovic
26 Август 2021•Ажурирај: 27 Август 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 1.082 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 172.657, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 27 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 5.782.
Институтот за јавно здравје регистрира 492 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 153.640.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 e 13.235.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 5.982 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.130.975 тестирања.