Ali Cura
10 Август 2020•Ажурирај: 10 Август 2020
МОСКВА
Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 15.001, додека бројот на откриени случаи во земјата порасна на 892.654, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 5.118 нови случаи на заразеност, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во Русија се зголеми на 892.654.
Во последните 24 часа Ковид-19 е причина за смртта на уште 70 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 15.001.
Оздравеа уште 3.259 лицa, со што вкупната бројка на оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 696.681.
Во Русија направени се над 30 милиони и 800 илјади тестирања за Ковид-19.