Ruslan Rehimov
29 Март 2022•Ажурирај: 30 Март 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на Украинската армија соопшти дека од почетокот на војната во Украина загинале 17.200 руски војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека украинските сили уништиле 127 авиони, 129 хеликоптери и 597 тенкови.
Исто така, до 24 февруари уништени биле 1.710 оклопни возила, 303 топови, 96 ракетни системи и 54 системи за противвоздушна одбрана.
Војната меѓу Русија и Украина, која започна со рускиот напад на 24 февруари, предизвика меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции против Москва и го поттикна егзодусот на светските компании од Русија.