Nuran Erkul Kaya
30 Март 2022•Ажурирај: 01 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Поради намалениот број европски и американски купувачи, рускиот извоз на нафта се префрла во Азија, според податоците собрани од платформата за следење на извозот на енергенси „Вортекса“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пред еден месец започна руската војна во Украина, а западните економски санкции врз руската Влада и олигарсите започнаа да влијаат на испораките на нафта.
Најзначајното влијание досега е промената на дестинациите за руската сурова нафта од Црното Море и Балтичкото Море, покажуваат податоците на „Вортекс“.
Извозот на Русија кон Европа е намален за околу 280.000 барели на ден во периодот 1 - 22 март, што е пад за 1,3 милиони барели на ден. Извозот кон Азија, која гледано ретроградно не е редовен купувач на руската сурова нафта од Црното Море и Балтичкото Море, во истиот период се зголеми за 220.000 барели на ден.
Уделот на Азија овој месец достигна 25 проценти, највисокиот од април 2020 година.
Кина и Индија исто така станаа двајца главни купувачи на овој извоз; руската нафта сочинува 5 проценти од вкупниот увоз на Азија.
Податоците открија дека во февруари, 5,6 милиони барели на ден руска сурова нафта и производи, или вкупно 73 проценти, биле извезени по морски пат на земјите што Москва оттогаш ги смета за „непријателски“.
Увозници на руската сурова нафта се речиси цела Европа, како и САД, Јапонија, Јужна Кореја и Сингапур.
Според податоците, се проценува дека околу 1,4 милиони барели на ден се губат во испораките за март.
Главното влијание од намалувањето на рускиот извоз се очекува дополнително да се одрази во наредните недели, додека во извозот за Азија се прогнозира постојан раст.
Според Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Русија е трет најголем производител на нафта во светот и најголем извозник на нафта.
Сепак, ИЕА предвидува дека руското производство на нафта може да се намали до 3 милиони барели на ден, почнувајќи од наредниот месец.