Ruslan Rehimov
30 Март 2022•Ажурирај: 30 Март 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на Украинската армија соопшти дека од почетокот на војната во Украина загинале 17.300 руски војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека украинските сили уништиле 131 авион, 131 хеликоптер и 605 тенка.
Исто така, од 24 февруари до 30 март уништени се 1.723 оклопни возила, 305 топа, 96 ракетни системи и 54 системи за противвоздушна одбрана.
Покрај тоа, руските сили загубиле и 1.184 возила, 7 брода и лесни глисери, 75 возила за гориво и 81 беспилотно летало.