Can Erözden
10 Август 2020•Ажурирај: 13 Август 2020
АНКАРА
Атлетико Мадрид вчера соопшти дека се потврдени два нови случаи на заразување со Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Според резултатите соопштени денес, позитивни се два теста. Лицата се во самоизолација дома“, наведе шпанскиот клуб во соопштението објавено на интернет страницата.
Клубот соопшти дека португалските и шпански медицински служби веднаш се известени како и УЕФА.
Клубот не откри детали за идентитетот на заразените.
Атлетико Мадрид во четвртфиналето на УЕФА лигата на прваци на 13 август ќе игра против германскиот клуб РБ Лајпциг.