Ali Cura
17 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија, вкупниот број на заразени со новиот вид коронавирус, Ковид-19, се зголеми на 281.752, а вкупниот број на починати на 2.631, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот центар за контрола и превенција од Ковид-19 соопшти дека во последните 24 часа бројот на случаи со Ковид-19 е зголемен за 9.709, со што вкупниот број достигна 281.752.
Вкупниот број на починати во последните 24 часа се зголеми за 94, со што бројот на смртни случаи се искачи на 2.631.
Во последните 24 часа, билансот на излекувани се зголеми за 4.207, со што вкупната бројка достигна 67.373.
Во соопштението се наведува дека 42,4 отсто новозаразени не покажуваат симптоми, и дека просекот на растот на бројот на заразени изнесува 3,6 отсто.
Според интернет-страницата „Worldmeter“, Русија по бројот на заразени со Ковид-19 ја помина Шпанија и се наоѓа на второто место по САД.
Епицентарот на Ковид-19 во Русија е Москва, каде што се заразени 142.824 лица, додека како последица на вирусот Ковид-19 починаа 1.503 лица, со зголемување од 71 во последното деноноќие.
Во Москва вирусот Ковид-19 го победија вкупно 27.490 лица.
Во соопштението се наведува дека 262.666 лица се наоѓаат под здравствен надзор, и дека досега направени се повеќе од 6.900.000 тестирања за коронавирусот.
Од друга страна, руската Влада го повлече ограничувањето за влез на странски спортисти и тренери во земјата. Спортистите и тренерите што ќе влезат во оваа земја од странство ќе останат во карантин 14 дена и ќе бидат под надзор на лекар.
Првиот случај на Ковид-19 во Русија е потврден на 31 јануари, додека на 19 март е забележан првиот смртен случај предизвикан од вирусот.
Со Ковид-19 се заразени и неколкумина високи руски официјални претставници, меѓу кои и портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, и премиерот Михаил Мишустин.