Şenhan Bolelli
17 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
МАДРИД (АА) – Во Шпанија, во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 87 лица, со што вкупниот број на починати достигна 27.650, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија ги ажурираше бројките за починати и заразени со вирусот Ковид-19.
Вчера во земјата беа регистрирани 102 смртни случаи од коронавирусот, а денес бројот на смртни случаи е намален на 87. Тоа е најмалата бројка на регистрирани смртни случаи од 12 март.
Од 14 март, кога беше прогласена вонредна состојба, за првпат бројот на дневни смртни случаи од Ковид-19 падна под 100. Најголем број на смртни случаи е регистриран на 2 април, кога од коронавирусот починаа 950 лица.
Според податоците на Министерството, вкупната бројка на починати од Ковид-19 во земјата достигна 27.650.
Според изработените PCR-тестови, во последните 24 часа во Шпанија се регистрирани 421 новозаразен, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 изнесува 231.119.
Исто така беше информирано дека од новозаразените 28 лица се префрлени на итна нега, а 327 се хоспитализирани.
Од друга страна, бројот на лица што оздравеле, а претходно биле позитивни на тестот за Ковид-19, во земјата е над 147.000.