Mustafa Melih Ahıshalı
17 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Хусеин Емир Абдулахијан, специјалниот помошник на претседателот на иранскиот Парламент, Али Лариџани, го демантираше тврдењето дека Русија и Иран одлучиле да го отстранат Башар ал Асад од неговата функција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата на својот профил на Твитер, Абдулахијан, опишувајќи го Асад како легален лидер на Сирија, напиша: „Гласините дека Иран и Русија се договориле за оставка на Асад се голема лага, тоа е игра на американските и ционистичките медиуми.“
Сејид Абас Мусеви, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, минатата недела соопшти дека веста во однос на тоа дека земјите од процесот Астана донеле одлука за иднината на сириската држава не ја отсликува вистината.