свет

Русија со реакција на заканата на САД за санкции кон Турција

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова: „Политиките на вршење притисок преку санкции се неприфатливи во системот на координација во меѓународните односи“

Dmitri Chirciu, Ali Cura  | 12.12.2019 - Обновена : 13.12.2019
Русија со реакција на заканата на САД за санкции кон Турција

МОСКВА (АА) - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, осврнувајќи се на одобрувањето на Нацрт-законот за санкции кон Турција од страна на Комитетот за надворешни односи на Сенатот на САД, рече дека политиките на вршење притисок преку санкции се неприфатливи во системот на координација во меѓународните односи, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Захарова, на прес-конференција во Министерството рече дека САД вршат притисок кон Турција поради набавката на системот S-400 за воздушна одбрана.

Истакнувајќи дека нема потреба од коментар од трета земја за односите меѓу двете земји, Захарова подвлече: „Оваа дебата е неприфатлива.“

Таа, истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави спроведуваат санкции и кон други земји, рече: „Политиките на вршење притисок преку санкции се неприфатливи во системот на координација во меѓународните односи.“

„НАТО се обидува да го зголеми степенот на напнатост.“

Потсетувајќи дека Самитот на лидерите на НАТО се одржа минатата недела во Лондон, главниот град на Велика Британија, Захарова рече: „На Самитот руската закана се најде пред заканата од меѓународниот тероризам, илегалната миграција и киберзаканите.“

Захарова, осврнувајќи се на одлуката на НАТО вселената да ја користи како ново поле на операции, нагласи: „НАТО се обидува да го зголеми степенот на напнатост и да доминира во сите области.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın