Ekipa
18 Ноември 2019•Ажурирај: 19 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека во нападите на силите на Асадовиот режим и Русија, извршени од 30 октомври до 15 ноември во деескалационата зона во Идлиб, смртно настрадаа 56 цивили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
СНХР го објави извештајот во врска со цивилните жртви во периодот од 30 октомври до 15 ноември во деескалационата зона во Идлиб, во кој се вели дека 56 цивили, од кои 19 деца и 6 жени, загинале во нападите извршени од страна на силите на режимот и Русија врз населените места во границите на деескалационата зона.
Во нападите од силите на режимот загинале 20 цивили, од кои 6 деца и 2 жени, додека во нападите на Русија загинале 36 цивили, од кои 13 деца и 4 жени.
Во рамки на деескалационата зона во Идлиб, како цел се земени 46 објекти - училишта, здравствени центри, места за богослужба како и центри на Цивилната одбрана, од кои 34 биле погодени во нападите на режимот, додека 12 во нападите на Русија.
Во извештајот се наведува дека во нападите на силите на режимот загинале еден волонтер и еден активист на Цивилната одбрана.