Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik
12 Март 2021•Ажурирај: 12 Март 2021
БОГОТА
Повторно се зголемува бројката на починати предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа поради заразувањето со новиот тип коронавирус во Бразил животот го загубија 2.233 лица, 654 во Мексико, 134 во Аргентина, 85 во Колумбија, 161 во Перу, 156 во Чиле, 23 во Еквадор и 19 во Боливија.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 2.233 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 272.889. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 75.412, со што вкупниот број позитивни на коронавирусот се зголеми на 11.277.717.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а се наоѓа на второ место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 9.958.566 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 654 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 6.470 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 193.142 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.151.028, а досега оздравеа 1.691.093 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а на трето место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 134 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 53.493. Во истиот период детектирани се 8.204 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.177.898.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.968.462 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 85 лица, со што вкупниот број смртни случаи се зголеми на 60.858.
Во последните 24 часа детектирани се 4.579 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 2.290.539. Во оваа земја досега оздравеа 2.191.171 лице заразено со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 161 лице од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 3.626 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број на заразени се зголеми на 1.394.571, од кои починаа 48.484 лица, а оздравеа над 1.301.439 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 156 лица од последиците предизвикани од коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 21.362.
Во истиот период регистрирани се нови 5.566 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 873.512, а оздравеа вкупно 821.294 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 23 смртни случаи, вкупно 16.128 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.116 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 297.957. Досега во Еквадор оздравеа 256.009 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 19 смртни случаи предизвикани од заразување со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 778.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 257.240, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 11.903. Досега оздравеа 202.216 лица позитивни на коронавирусот.