Sinan Doğan
12 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
БОГОТА
Во североисточниот дел на Мексико, во државата Нов Леон дојде до сообраќајна несреќа меѓу цистерна за гориво и камион што доаѓал од спротивниот правец. По судирот, цистерната се запалила, при што во пожарот животот го загубија 11 лица, а 5 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објавија локалните медиуми, на 37 километри северно од градот Монтереј кој се наоѓа во мексиканската држава Нов Леон, се запалила 40-тонска цистерна за транспорт на гориво по судирот со камион кој доаѓал од спротивниот правец.
Во несреќата животот го загубија 11 лица, а повредени се петмина, кои се префрлени во локалните болници.
Во тек е истрага за откривање на причината за несреќата. Идентитетот на починатите сѐ уште не е утврден.