Турција, Коронавирус

Повик за вакцинација до граѓаните од доктор кој прележал Ковид-19 двапати во интервал од 32 дена

Д-р Казим Киратли, специјалист за инфективни болести од турскиот град Измир, кај кој Ковид-19 е дијагностициран двапати во интервал од 32 дена, изјави дека во борбата против епидемијата треба да биде вакциниран секој што се наоѓа во возрасната група

Tezcan Ekizler  | 11.06.2021 - Обновена : 16.06.2021
Повик за вакцинација до граѓаните од доктор кој прележал Ковид-19 двапати во интервал од 32 дена

ИЗМИР (АА)

- Тезџан ЕКИЗЛЕР


Д-р Казим Киратли, специјалист за инфективни болести од турскиот град Измир, кај кого беше дијагностициран новиот вид коронавирус (Ковид-19) двапати во интервал од 32 дена, изјави дека во борбата против епидемијата треба да биде вакциниран секој што се наоѓа во возрасната група.

На д-р Казим Киратли (40), татко на две деца, кој работи како специјалист за инфективни болести и клиничка микробиологија во Болницата за обука и истражување „Ататурк“ при Универзитетот „Катип Челеби“ (İKÇÜ) во Измир, при тестирањето во октомври му беше дијагностициран Ковид-19.

Киратли, кој се лекуваше 10 дена во болницата каде што работеше за да не го зарази своето семејство, се врати на својата должност откако неговиот тест беше негативен.

Забележувајќи дека 22 дена откако се вратил на работа, го изгубил чувството за мирис и вкус, д-р Киратли повторно се тестира и дознава дека и тој и неговото семејство се позитивни на ПЦР-тестот.

По карантинот и третманот во сопствениот дом, семејството Киратли си го вратило здравјето.


- „Антителата го спречуваат фаталниот тек на болеста“

Д-р Казим Киратли за Агенција Анадолија (AA) изјави дека лекува пациенти заразени со Ковид-19 од 11 март 2020 година, кога е откриена епидемијата во Турција.

Објаснувајќи дека првото заразување со коронавирусот лесно го поминал имајќи го симптомот на главоболка, д-р Киратли рече дека имал потешки денови во Ковид-19 кога се заразил 32 дена подоцна.

Посочувајќи дека нивото на антитела во неговото тело било високо откако двапати го прележал коронавирусот, Киратли истакна дека сепак постои можност од појава на оваа болест кај некои луѓе и покрај присуството на антитела, додавајќи дека таквата ситуација најверојатно е предизвикана од варијантите на вирусот.

Истакнувајќи дека антителата формирани во организмот спречуваат фатален тек на болеста, Киратли продолжи со зборовите: „Бев исплашен бидејќи болеста ја прележав двапати во многу кус период, но потоа за кратко време си го вратив здравјето затоа што одморав дома примајќи ја терапијата.“

Киратли изјави дека откако е вакциниран во март, немал проблеми со Ковид-19.

Подвлекувајќи дека употребата на терапијата за заштита и вакцинацијата се многу важни во борбата против Ковид-19, д-р Киратли изјави:

„Како здравствени работници, продолжуваме да се бориме против Ковид-19. На сите наши пациенти кога доаѓаат кај нас им велиме да се вакцинираат кога ќе дојде време за нивната возрасна група. Постојат примери на вакцинација пред нас. По вакцинирањето, стапката на заразување и смртност кај здравствените работници се намали. Вакцинацијата е единствениот начин да се стави крај на епидемијата. Возраста за вакцинација се намалува од ден на ден. Благодарение на тоа, се намали стапката на прием на заразени во болниците и одделенијата за интензивна нега. Без вакцинација, оваа болест нема да заврши. Здравствените работници се многу уморни. Доколку нашите граѓани сакаат да нѐ поддржат, треба да се вакцинираат и да се придржуваат до зададените мерки.“

Д-р Киратли, истакнувајќи дека граѓаните со доаѓањето на летните месеци добиваат чувство на удобност, го посочи следното: „Периодот на епидемија продолжува. Постојат информации дека заразноста на вирусот е намалена со доаѓањето на летото, но потребно е секој да знае дека болеста не исчезна. Нашата релаксираност може да доведе до зголемување на бројот на случаи на заразување со коронавирусот.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın