Islam Uddin
22 Октомври 2021•Ажурирај: 25 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, денеска постави цел за целосна вакцинација на 90 проценти од популацијата за да стави крај на строгите рестрикции поради коронавирусот во државата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Целта од 90 проценти целосно вакцинирани низ секој регион на Окружниот здравствен одбор (ДХБ) беше поставена како пресвртница за да го предизвика движењето на државата кон новиот систем“, кажа Ардерн во извештајот.
„Оваа цел обезбедува добро регионално ширење низ државата и исто така ќе помогне да се адресираат прашањата за непристрасноста во рамките на секој регион“, додаде таа.
Досега, 86 проценти од популацијата ја примиле првата доза од вакцината против коронавирусот, додека 69 проценти се целосно вакцинирани.
„Целосно вакцинираните лица ќе бидат во можност за собири со семејството и пријателите, да одат во барови и ресторани и да прават работи кои сакаат да ги прават со поголема сигурност и доверба“, рече Ардерн.
„Новите мерки за заштита од Ковид-19 поставија патека напред која придонесе за рапидно зголемување на бројката на вакцинирани лица во Нов Зеланд, со повеќе слобода да ги живеат своите животи безбедно“, додаде таа.
Во последните 24 часа Нов Зеланд пријави 134 нови случаи, највисоката бројка на дневно ниво од почетокот на пандемијата.
Нов Зеланд досега има регистрирано 5.449 случаи на Ковид-19 со 28 смртни случаи, според Министерството за здравство.
„Ако сѐ уште не си вакциниран, не само што си повеќе во ризик за да се заразиш со Ковид-19, туку многу од слободите во кои другите уживаат, ќе ти бидат надвор од дофат“, рече премиерката.