Servet Günerigök
22 Октомври 2021•Ажурирај: 23 Октомври 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) размислуваат да ја вклучат Националната гарда за транспорт на стоки со камиони, поради проблемите во синџирот за снабдување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бајден за новинарите на „Си-ен-ен“ (CNN) изјави дека постојат многу проблеми со недостигот на возачи.
На прашањето дали администрацијата на Бајден ќе ангажира припадници на Националната гарда или жени кои ќе возат камиони, тој рече: „Одговорот е да, доколку не бидеме во можност да го зголемиме бројот на камионџии, за што сме во процес на подготовка.“
Претседателот рече дека администрацијата мора да дојде до малите бизниси, како и до големите компании.
Тој ги даде овие коментари еден ден откако претседателот и извршен директор на Американската асоцијација за камиони (ATA), Крис Спир, за „Си-ен-ен“ изјави дека американската транспортна индустрија има мал број од 80.000 возачи за поддршка на огромниот синџир на снабдување на нацијата.
Иако бројката е рекордна, таа е и зголемување од 30 отсто во споредба со нивото пред пандемијата, кога индустријата имаше недостиг на работна сила од 61.500 возачи.
„Тоа е прилично голем скок“, рече Спир.
Недостигот на возачи на камиони се случи откако некои го напуштија секторот или се пензионираа, наспроти зголемената побарувачка за стоки за широка потрошувачка и нивни транспорт.
Ограничувањата во синџирот на снабдување станаа главен проблем во периодот по пандемијата, а американските пристаништа, имаат, исто така, помал број возачи.