Barış Seçkin
19 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
РИМ
Премиерот на Италија, Џузепе Конте изјави дека светот не бил подготвен на криза како што е пандемијата на Ковид-19, која го погодила целиот свет, јавува Агенција Анадолија (АА).
Конте преку видео-конференцијата присуствуваше на 73. заседание на Светското здравствено собрание, каде напомена дека Италија била прва европска земја која била тешко погодена од пандемијата.
Тој изјави дека рестриктивните мерки кои се воведени на почетокот на март по два месеци дале охрабрувачки резултати.
„Треба да признаеме дека не би биле во потполност подготвени на ваква глобална криза. Се потрудивме за да ја надокнадиме штетата, но мораме да извлечеме поука од сето ова“, изјави Конте.
Тој истакна дека животите на луѓето поради Ковид-19 се променети во голема мерка.
Конте додаде дека Светската здравствена организација мора да ја зајакне својата улога и дека треба да се зголеми поддршката до ранливите земји.