Barış Seçkin
19 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 починаа 162 лица, односно вкупно 32.169, јавува Агенција Анадолија (АА).
Цивилната заштита на Италија објави најнови податоци за епидемиолошката ситуација во таа земја.
Во сооопштението се наведува дека бројот на активни случаи моментално изнесува 65.129, додека до денес се заразени 226.699 лица.
Бројот на оздравените во однос на вчерашниот ден е поголем за 2.075 случаи и моментално изнесува 129.401.
Продолжува трендот на пад на бројот на пациентите сместени на одделите за интензивна нега, па нивниот број денес е немалаен од вчерашните 749 на 716.
Податоците на Цивилната заштита покажуваат дека во земјата до денес се извршени 3.104.524 тестирања на Ковид-19.