Yusuf Özcan
19 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
ПАРИЗ
Во Франција од последиците на заразата со Ковид-19, починаа вкупно 28.022 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека бројот на заразени во последните 24 часа е зголемен за 813 лица и моментално изнесува 217.339.
Хоспитализирани се вкупно 18.468 лица, од кои 1.894 се наоѓаат на одделите за интензивна нега, каде веќе 41 ден по ред се продолжува трендот на опаѓање на бројот на пациентите.
Бројот на оздравените е зголемен за 882 и сега изнесува 62.563.
Челникот на Агенцијата за јавно здравство на Франција, Жером Саломон изјави дека би требало да бидат тестирани лицата кои имаат симптоми, но и оние кои се без симптоми.
Тој истакна дека во Франција досега кај 152 деца е регистриран синдром сличен на болеста Кавасаки, додавајќи дека ја истражуваат можната поврзаност на оваа болест со пандемијата на Ковид-19.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести предупреди на појавата на овој синдром кај децата заболени од Ковид-19 и ги повика родителите и педијатрите да бидат внимателни.
Истата појава претходно е забележана во Италија, Швајцарија, Португатија и Шпанија кај 230 деца, од кои две починале.