Ekip
19 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
ЖЕНЕВА
Специјалниот претставник на ОН за Сирија, Геир Педерсен денес изјави дека завојуваните групи во Сирија се согласиле да дојдат во Женева и да ги продолжат разговорите со цел постигнување на долготраен мир во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бидејќи и моменталната ситуација со пандемијата тоа го дозволува, тие се согласија да дојдат во Женева. Тие се договорија и за агендата на следниот состанок“, изјави Педерсен во обраќањето на новинарите преку видео конференција од својот дом во Норвешка.
„Се надевам, дека кога времето тоа ќе го дозволи ќе се состанеме во Женева и ќе имаме суштински и добри дискусии“.
Тој потсети и како последниот круг на мировни преговори за Сирија не можел да биде одржан на 29 ноември поради непостигнувањето на договор за дневниот ред.
Сирискиот уставен комитет, кој се состои од опозицијата, цивилното општество и членовите на режимот, започна со преговори на 20 ноември под покровителство на ОН.
За потенцијалното продолжување на разговорите, Педерсен изјави дека се надева оти страните од режимот и опозицијата и членовите на граѓанското општество на уставниот комитет ќе се подготват за да кога ќе се состанат во Женева, бидат спремни за суштински и длабоки дискусии, а не за губење време.
Педерсен исто така рече дека е многу важно САД и Русија да продолжат да работат заедно.
„Како што реков, тие го направија тоа пред успехот. Без соработката на САД и Русија, ние никогаш немаше да ја имаме Резолуција 2254 на Советот за безбедност“, изјави тој, осврнувајќи се на резолуцијата што повикува на прекин на огнот и политичко решавање во Сирија.