Zehra Ulucak
20 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
АНКАРА
Со нови 1.179 смртни случаи предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часa, вкупниот број на починати од Ковид-19 во Бразил достигна бројка од 17.971, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите објавени на интернет страницата на Министерството за здравство на Бразил, во оваа земја последните 24 часа од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 починале 1.179 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во оваа земја достигна 17.971.
Во последните 24 часа Ковид-19 е детектиран кај 17.408 лица со што вкупната бројка на лица позитивни на новиот тип на коронавирусот се зголеми на 271.628.
Според податоците објавени на интернет страницата „Worldmeter“, која секојдневно ја ажурира епидемиолошката слика во земјите од светот, Бразил е земја со најголем број на заразени и смртни случаи во Латинска Америка, а се искачи и на 4. место во светот според вкупниот број на заразени со Ковид-19.