Dilara Hamit
20 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
АНКАРА
Портпаролот на Калифа Хафтар, утринава соопшти дека од полноќ ќе започнат да се повлекуваат 2-3 километри од фронтовите јужно од Триполи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ахмет ал Мисмари на социјалните медиуми напиша дека ќе почнат да се повлекуваат за луѓето во главниот град да можат да го прослават празникот по повод Рамазан Бајрам.
Локалните медиуми објавија дека за време на изјавата на Мисмари, милицијата на Хафтар лансирала ракетен напад врз аеродрмот Митига, лоциран околу 8 километри источно од центарот на градот Триполи.
Не се дадени информации за човечки жртви или евентуална материјална штета.
Хафтар, водачот на илегалните вооружени сили во источна Либија, ги интензивираше нападите врз цивилите од почетокот на мај, поради тешките загуби врз неговите милитанти нанесени од страна на владините сили.
Владата во Триполи е под напад на силите на Хафтар од април 2019 година. Таа ја започна операцијата „Бура на мирот“ на 26 март за да ги сузбие нападите врз главниот град.
По соборувањето и убивањето на Моамер Гадафи во 2011 година, либиската Влада беше формирана во 2015 година како дел од политичкиот договор постигнат со посредство на ОН.