Kasım İleri
02 Јуни 2018•Ажурирај: 03 Јуни 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Според извештајот на Министерството за одбрана на САД (Пентагон), во операциите што САД во 2017 година ги спроведе надвор од земјата, убиени се 499 цивили, а ранети се 169, јавува Anadolu Agency (AA).
Забележителна е разликата меѓу податоците објавени од страна на Пентагон и независните извори за цивилните загуби.
Во годишниот извештај на Пентагон, обелоденети се податоците за цивилните жрвти во операциите што САД ги спроведе во странство.
Во извештајот се дадени податоци за првата година од претседатањето на американскиот претседател Доналд Трамп. Во извештајот на Пентагон се наведува дека „во операциите спроведени во странство, животот го загубија 499 цивили, а 169 се ранети“.
Во извештајот се вели дека под лупа се земени операциите против ДЕАШ спроведени на територијата на Ирак и Сирија, потоа против Ал Каеда во Јемен, во Авганистан против Талибанците и ДЕАШ, бранејќи го ставот дека во нападите изведени во Јемен и Сомалија, добиените информации не биде „безбедни“. Покрај тоа, во извештајот се вели дека во тек се истражувања околу информациите дека повеќе од 450 цивили се исчезнати.
Зболемен е бројот на напади на Блискиот Исток и Авганистан
Во извештајот се вели дека во текот на првата година на Трамп во Белата куќа, зголемен е бројот на напади во Авганистан, Сирија, Либан, Сирија, Јемен и Сомалија. Додека во 2016 година, бројот на напади во Авганистан изнесуваше 1.337, минатата година САД во оваа земја изведе 4.361 напад. Во 2016 година, бројот на напади врз Ирак и Сирија изнесуваше 30.743, додека лани, во овие две земји САД изведе 39.577 напади.
Претходниот американски претседател Барак Обама во 2016 година донесе декрет според кој Пентагон е обврзан секоја година на 1. мај да поднесе извештај кој се споделува со јавноста.
Под прашање бројката за цивилни загуби
Од друга страна, забуна создава разликата во бројот на цивилни жртви објавен во извештајот на Пентагон и она што го покажуваат независните невладини организации кои се активни во подрачјата и извештајот на коалициските сили предводени од САД. Особено големата разлика во податоците за цивилните жртви има во обавените информации на независните невладини организации во однос на извештајот на Пентагон, што создава простор за коментари дека „САД покажува бројка на цивилни жртви која е помала од реалната“.
Постои контрадикторност околу информациите за бројката на цивилни жртви во операциите на коалицијата предводена од САД во Сирија и Ирак за периодот од фуевруари 2017 до февруари 2018 година, која наместо 640, во извештајот се наведува дека изнесува 499.
Коалицијата месечно поднесува извештај. Според извештајот од јануари 2017 година, бројот на жртви изнесувал 199, додека во оној од јануари 2018 година се наведува дека бројот на жртвите се искачил на 841. Според последниот извештај на коалицијата што беше објавен вчера, заклучно со април 2018 година, бројот на загинати изнесува 892 цивили.
Според локалните извори, бројот на загинати е многу поголем
Интернет страницата „Airwars“ која ги објавува податоците за цивилните жртви во Сирија и Ирак добиени од локални извори, 2017 година ја окарактеризираа како „најкрвата година“, од аспект на спроведените американски операции.
Овој извор наведува дека бројот на цивилни жртви во Ирак и Сирија во операциите на коалициските сили предводени од САД споредено со претходната година е зголемен за 200 отсто. Според тие податоци, бројот на цивилни загуби во 2017 година се променил од 3.923 на 6.102 цивили.
САД, минатата година во Сирија изведе напад врз една џамија во селото Џина, во областа Алепо. Во нападот живото го загубија 58 лица, меѓу кои имаше и жени и деца. Американските авиони исфрлија проектил на западниот брег на градот Мосул со цел да елиминираат снајперист на ДЕАШ. Проектилот погоди зграда и притоа уби 230 цивили.
Кусо време по преземањето на функцијата претседател на САД од страна на Трамп, специјалните американски сили изведоа упад во една зграда со тврдење дека таа и припаѓа на Ал Каеда. Во операцијата се убиени повеќе од 30 цивили.