Dilara Hamit
20 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
АНКАРА
Либиската армија денеска уништи руски систем за воздушна одбрана користен од силите лојални на Калифа Хафтар во градот Терхуне, јавува Агенција Анадолија (АА).
Абдул Малик Ал Мадани, портпаролот за операцијата „Вулкан на гневот“, што ја води Владата на национално единство за АА изјави дека е уништен ракетен систем „Панцир“, кој бил доставен до милициите на Хафтар од страна на Обединетите Арапски Емирати.
Слики на вооружено беспилотно летало на либиската армија насочено кон хангарот исто така беа споделени на социјалните медиуми и во локалниот печат.
Либиската армија објави дека по заземањето на стратешката воздушна база Ватија во западниот дел на земјата од милициите на Хафтар, заплениле и систем за воздушна одбрана од ист тип, кој што ОАЕ им го обезбедиле на милициите на Хафтар.
Хафтар, водачот на илегалните вооружени сили во источна Либија, ги интензивираше нападите врз цивилите од почетокот на мај, поради тешките загуби врз неговите милитанти нанесени од страна на владините сили.
Силите на Хафтар започнаа да ги напаѓа силите на Владата во Триполи во април 2019 година. Како одговор на нападите на Хафтар, либиската Влада на 26 март ја започна операцијата „Бура на мирот“ со цел сузбивање на нападите врз главниот град.
По соборувањето и убивањето на Моамер Гадафи во 2011 година, либиската Влада беше формирана во 2015 година како дел од политичкиот договор постигнат со посредство на ОН.