Fuat Kabakcı
02 Април 2021•Ажурирај: 03 Април 2021
АНКАРА (АА) - Кинеската компанија „Синовак биотек“ соопшти дека го зголеми годишниот капацитет за производство на вакцини против Ковид-19 на 2 милијарди дози, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Компанијата „Синовак“ информира дека изградбата на нејзиниот трет објект за производство на вакцината против Ковид-19 е завршена и дека објектот е подготвен за производство.
Наведувајќи дека третиот објект започнал со масовно производство на компоненти на вакцини, компанијата истакна дека нејзиниот годишен капацитет за производство на вакцини достигнал 2 милијарди дози.
Компанијата со третиот објект изграден во главниот град Пекинг го удвои својот годишен капацитет.
Компанијата достигна 500 милиони дози на производство со првиот објект во август 2020 година, а го зголеми својот капацитет на една милијарда дози од вакцината годишно со отворањето на вториот објект во февруари.
- 300.000 луѓе ќе бидат вакцинирани за пет дена во градот на границата со Мјанмар -
Според соопштението, во рамките на програмата за вакцинирање што започна утрово, за пет дена во градот Руили на границата со Мјанмар ќе бидат вакцинирани 300.000 лица.
Во градот Руили, на 30-31 март биле забележани вкупно 12 случаи на Ковид-19, а регистрирани се 26 асимптоматски случаи.