Rabia İclal Turan
06 Јули 2020•Ажурирај: 07 Јули 2020
РИМ
Во Италија денес се регистрирани осум нови смртни случаи од последиците на Ковид-19, со што вкупниот број на починати од последиците на вирусот изнесува 34.869, јавува Агенција Анадолија (АА).
Овој месец е евидентирано намалување на бројот на смртни случаи и новозаразени на дневно ниво.
Според последните бројки објавени од италијанското Министерство за здравство, бројот на активни случаи е паднат на 14.709.
Вкупно 208 нови случаи на заразување се забележани во последните 24 часа, со што вкупниот број на заразени изнесува 241.819.