Samir Kajoševic
06 Јули 2020•Ажурирај: 07 Јули 2020
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора се регистрирани 60 нови случаи на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Инстутот за јавно здравје на Црна Гора соопшти дека се анализирани 511 примероци на новиот коронавирус, од кои 60 биле позитивни.
„Меѓу новооткриените заразени најмногу има во Подгорица, каде се регистрирани 37 нови случаи. Откриено е дека 30 новозаразени се контакти на претходно потврдени случаи додека кај исто толку заболени се трага по изворот на заразувањето“, изјавија од Институтот.
Во Црна Гора од почетокот на јуни се регистрирани вкупно 517 случаи на заразување со Ковид-19, од кои пет заразени починале како последица на компликации предизвикани од вирусот.