Mehmet Yılmaz,Aşkın Kıyağan
06 Јули 2020•Ажурирај: 07 Јули 2020
ВАРШАВА
Полскиот претседател Анджеј Дуда денес потпиша и до парламентот го проследи предлог-закон со кој на истополовите бракови во таа земја им се забранува посвојување на деца, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дуда изјави дека децата имаат посебно место во Уставот на Полска и дека поради тоа е неопходно темата за посвојување на деца од страна на истополови парови да се регулира подетално.
Според нацртот кој го потпиша Дуда, само паровите, маж и жена кои живеат во дефинирана со устав институција на брак, имаат право на посвојување на деца.
За предлог законот да биде прифатен во парламентот, потребно е мнозинство од две третини на гласовите. Укажувајќи на христијанските вредности, Дуда изрази надеж дека предлог законот ќе го поддржи и Полската селска партија и Граѓанската платформа (PO) која ја формираа левицата, либералите и Зелените.
Градоначалникот на Варшава, Рафал Трасковски исто така изјави дека се согласува со Дуда околу предлог законот.