Barış Seçkin
25 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 415 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 26.384, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната одбрана на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 105.847 активни случаи со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 195.351.
Се вели дека денес се излекувани 2.622 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 63.120 лица.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 415 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 26.384 лица.
Според соопштеното, 2.102 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Се нагласува дека досега во Италија извршени се 1 милион 707 илјади и 743 тестирања за Ковид-19.