Seda Sevencan
25 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
НУР СУЛТАН
Руската товарна капсула стигна на Меѓународната вселенска станица (ISS), јавува Агенција Анадолија (AA).
Според руската вселенска агенција Роскосмос, вселенското летало Прогрес МС-14 лансирано е од вселенската база Бајконура, во Казахстан.
Капсулата со гориво, храна, вода и други потреби стигна на одредиштето за околу 3 часа и 30 минути по лансирањето.
На ISS моментално се наоѓаат руските космонаути Анатоли Иванишин и Иван Вагнер и Кристофер Касиди од САД.
Тројцата останати, Олег Скрипочка, Џесика Меир и Ендрју Морган, неодамна се вратија од ISS во капсулата Сојуз МС-15, која на 17 април слета во близина на Језказаган, во Казахстан.
ISS е сместен во ниската Земјина орбита и служи како лабораторија за микрогравитација и вселенско опкружување за научниците кои спроведуваат експерименти во разни области.
Тоа е воедно и база за можни идни мисии на Месечината, Марс и астероиди.