Hasan Esen
25 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 813 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 20.319, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство на оваа земја.
Според ова соопштение, бројот на починати од Ковид-19 се искачи од 19.506 на 20.319 лица.
Во соопштението се наведува дека се откриени 4.913 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на лица позитивни на овој вирус се искачи на 148.377.
Се истакнува дека во последните 24 часа 23.115 лица биле тестирани за Ковид-19, со што вкупно се извршени 640.792 тестирања во земјата.
Меѓу дургото, дневните податоци објавени од страна на британската влада ги вклучуваат смртните случаи само во болниците, додека се вели дека вистинската бројка на смртни случаи е многу повисока.