Berk Özkan
25 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со палестинскиот претседател Махмуд Абас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Во соопштението се наведува дека Ердоган и Абас разговарале за соработката и поддршка во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19).
Според соопштението, двајцата лидери во телефонскиот разговор се осврнале и на билатералните односи како и на регионални прашања.