Barış Seçkin
04 Јуни 2020•Ажурирај: 05 Јуни 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 88 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 33.689, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 38.429 активни случаи на коронавирус.
Во последните 24 часа откриени се уште 177 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 234.013.
Денес се излекувани 957 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 161.895 лица.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 88 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 33.689 лица.
Според соопштеното, 338 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 4.049.544 тестирања на Ковид-19.
Се вели дека постои цел до крајот на годината да се тестираат една третина на жителите на Италија.